На крајот од летниот преоден рок, Кристијано Роналдо ги изненади сите со одлуката да го напушти Јувентус и потпиша двегодишен договор со Манчестер Јунајтед. Португалецот пристигна во Манчестер со своето семејство по паузата на националниот тим и успеа да најде прекрасна вила.
Кристијано и Георгина избраа вила во Манчестер чија цена е дури 6 милиони фунти и се чинеше дека се многу среќни со она што оваа луксузна вила може да го понуди. Сепак, само десет дена подоцна се се смени.
Англиските медиуми објавија дека Роналдо и неговото семејство се преселиле во друга вила лоцирана во Чешир од бизарна причина. Тие биле незадоволни во луксузната вила во која живееле само десет дена, поради вревата што ја правеле овци и ги будела ноќе.
Луксузната вила се наоѓа во близина на фарма за овци, но Роналдо не сфати дека тоа ќе биде проблем. Сепак, брзо станало јасно дека ноќе имало премногу врева од овците што го оневозможувало да има убав сон.
Затоа Роналдо и Георгина одлучиле експресно да се преселат и брзо пронајдоа нова вила. Одморот за Роналдо помеѓу натпреварите и тренинзите е многу важен.
Нивната нова вила е исто така многу луксузна, иако чини околу три милиони фунти, двојно помалку од претходната. За Роналдо ова е одличен избор бидејќи живеел во ова соседство и кога бил член на Манчестер Јунајтед во првиот мандат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













