
Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо би можел да пристигне во Наполи во финишот на летниот преоден рок. За него би било предизвик да игра во клубот каде настапувал Диего Армандо Марадона. Зделката е огромна и претпоставува Манчестер Јунајтед да го купи напаѓачот Виктор Осимен од Наполи за 100 милиони евра, а Роналдо да дојде на едногодишна позајмица, но комплетната плата да му ја исплаќа англискиот клуб.
Сепак, и доколку тоа се оствари „седумката“ на Наполи ќе му припаѓа на Елиф Елмас. Кристијано Роналдо во Наполи нема да може да го продолжи својот бренд „CR7“. Во Серија А не е дозволено менување на броеви доколку еднаш фудбалерот го задолжил од почетокот на сезоната. А тоа е голем проблем, затоа што Кристијано Роналдо е многу повеќе од фудбалер, неговиот бренд за една сезона „тежи“ многу милиони евра.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас исто така е цел на Манчестер Јунајтед, но раководството на Наполи категорично ја одби можноста за негова продажба ова лето на „Олд Трафорд“.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
