
Кристијано Роналдо сè почесто ја користи секоја можна прилика за во свој стил да се самопрогласи за најдобриот фудбалер во историјата.
Португалецот неодамна во едно интервју зборуваше за себе само во суперлативи кога станува збор за многу фудбалски категории, а сега доби одговор од неговиот имењак од Бразил.
Легендарниот Роналдо Назарио ги коментираше тврдењата на Португалецот за бразилските медиуми.
„Кристијано Роналдо за себе вели дека е најдобриот во историјата? Воопшто не го делам неговото мислење, можеби има место во Топ 10. Според мене, тројцата најдобри играчи во историјата се – Пеле на прво место, а веднаш зад него Меси и Марадона“, изјави Роналдо Назарио.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Донарума се договори со Манчестер Сити

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Победата е најважна, патот е долг

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
