
Пред да се пресели во Манчестер Јунајтед по вторпат во кариерата, Кристијано Роналдо, бил на вечера со британскиот новинар Пирс Морган, кој откри интересни детали од разговорот со Португалецот.
Морган го прашал, кој според него е најдобриот играч против кој играл. Роналдо одговорил како од топ:
„Меси. Секако, тој е најдобриот против кого сум играл”.
Сепак, Роналдо потоа додал:
„Но, Пирс, ми постави погрешно прашање … Требаше да ме прашаш кој е поголем играч“.
Морган со смеа одговори: „Мислам дека го знам одговорот“.
Потоа продолжи да ги раскажува деталите за вечерата.
„Потоа направивме тост. Тој мисли дека е најголемиот играч во историјата на фудбалот и се согласувам со него”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
