
Сите фудбалери на Јувентус се негативни на најновите тестови на коронавирусот, но е и Кристијано Роналдо. Тој мора да остане во изолација се додека не добие два последовни негативни теста на Covid-19. Ова значи дека Португалецот најверојатно го пропушта дуелот со Лионел Меси и Барселона во Лигата на шампионите.
Роналдо заболе од коронавирус на 13.октомври во периодот кога имаше обврски кон репрезентацијата на Португалија, но и по десет дена се уште е позитивен.
Американскиот интернационалец Вестон Меккени има негативен тест како и сите останати од таборот на Јувентус. Клубот објави дека вкупно 61 член на клубот излегува од изолација, а останува единствено Кристијано Роналдо, кој и понатаму се бори со опасниот вирус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal