Дуелот меѓу европскиот првак Португалија и светскиот првак Франција го одбележаа поранешните клупски другари од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Карим Бензема. Тие постигнаа по два гола за реми (2-2) што и двете селекции ги одведе во осминафиналето. Беа досудени вкупно три пенали, два реализираше Роналдо, во 31. и во 60.минута, еден даде Бензема во 45.минута, а погоди и од игра во 47.минута.
Германија во Минхен одигра 2-2 против Унгарија и го освои второто место и ќе оди на Англија во осминафиналето. Со пораз ќе беше елиминирана, а израмнување донесе Леон Горецка со голот во 84.минута.
Шалаи ја доведе Унгарија во водство во 11.минута, израмни Каи Хеварц во 66.минута, а само две минути подоцна Шафер повторно ги изненади Германците. Сепак, спасот дојде преку Горецка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













