
Ситуацијата околу Жозе Мурињо и неговата иднина во Фенербахче станува сè понеизвесна. По разочарувачкото реми 3-3 против Кајзериспор во турската Суперлига, што сериозно ги намали шансите на тимот за освојување на титулата, многумина очекуваа дека Мурињо ќе биде разрешен. Сепак, управата на клубот одлучи да почека до крајот на сезоната пред да донесе конечна одлука.
Интересно е тоа што Фудбалската федерација на Португалија веќе подготвува планови да започне преговори со Мурињо доколку тој биде ослободен од Фенербахче. Идејата добила поддршка и од Кристијано Роналдо, што дополнително ја зголемува веројатноста за можен трансфер на „Специјалниот“ на клупата на националниот тим на Португалија.
Мурињо одамна има изразено желба да ја предводи својата земја, а нестабилната атмосфера во Турција и честите контроверзии во кои се вклучува, можеби навистина ќе го одведат кон тој чекор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
