
Кристијано Роналдо денеска го пропушти тренингот за португалската репрезентација поради вирусно заразување и нема да игра на пријателскиот натпревар против Нигерија в четврток, соопшти федерацијата.
Португалија ќе го започне Мундијалот на 24 ноември против Гана, а според селекторот Фернандо Сантош, проблемите околу големата ѕвезда немаат негативно влијание во соблекувалната.
Роналдо беше тема на фудбалскиот свет оваа недела поради интервју во кое рече дека се чувствува изневерен од Манчестер Јунајтед и дека нема почит кон менаџерот Ерик тен Хаг.
„Тој одлучи да даде интервју, како што прават повеќето фудбалери. Во него откри многу, многу лични чувства и јас го почитувам тоа. Кристијано Роналдо е слободен човек, нели? Тоа беше негова одлука и јас го разбирам целосно. Ние разговараме со него и со другите само за нашите подготовки за Катар. Неговото интервју не ни влијае на никаков начин“, рече Сантош.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
