
Португалската мегaѕвезда Кристијано Роналдо за време на неговиот престој во Јувентус не беше корисен само на теренот, туку и надвор од него, откри Андреа Сартори, кој работи за компанијата за финансиски услуги, КПМГ. Неговото доаѓање во Торино значително ги зголемило приходите на клубот.
„Неговото влијание беше значајно, особено во смисла на комерцијални цели и приходи од стадионот. Да не беше пандемијата со коронавирусот, влијанието ќе беше уште поголемо. Ако погледнете само на комерцијалните приходи, тие беа 143 милиони евра во 2017/2018 сезона, пред доаѓањето на Роналдо, а по неговото пристигнување скокнаа на 175 милиони евра во сезоната 2019/2020. Клубот имаше 17 милиони евра од главниот спонзор на дресот, а потоа заработуваше 45 милиони евра. Претходно, имаше 23 милиони евра заработка од „Адидас“, а по доаѓањето на Роналдо доби 51 милион евра. Бројките на социјалните мрежи се удвоија. Клубот имаше 50 милиони следбеници, сега има повеќе од 110 милиони. Бројот на продажба на дресови е двојно зголемен и покрај пандемијата “, објасни Сартори.
Португалецот пристигна во Јувентус во 2018 година за 108 милиони евра, и заработуваше 31 милиони евра годишно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
