Легендата на бразилскиот фудбал Роналдињо ќе лансира нов проект – „Светска лига на уличен фудбал“ како можност да им даде шанса на талентираните млади момци да ги покажат своите вештини со топка во нивните нозе и да го следат истиот пат како поранешната ѕвезда на Барселона.
„Светската улична лига на Роналдињо“ ќе започне на крајот на 2023 година, објавија организаторите на проектот.
Првично, лигата ќе понуди сцена на социјалните мрежи каде играчите на уличен фудбал од сите возрасти ќе можат да ги прикачат своите најдобри вештини и трикови во обид да се приклучат на еден од тимовите на натпреварувањето. Откако ќе се изберат талентите од вакви видеа, ќе се организираат тимови.
Во поголемите градови низ светот ќе се организираат натпревари меѓу дотичните екипи и поединечни натпревари за квалитети. Тимовите ќе се натпреваруваат во лига за титулата „РГСЛ шампиони“. И сега најдобрите играчи воопшто од целата лига ќе бидат избрани во еден репрезентативен тим, кој ќе се вика „Ronaldinho Globe Street Team“.
„Веруваме дека има огромна можност во ова. И мислиме дека можеме да ги поддржиме луѓето кои имаат квалитети за фудбалот. Таква можност доаѓа еднаш во животот и можеме да дадеме поттик за иднината на многу таленти ширум светот“, изјави Роналдињо при објавувањето на проектот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













