Остануваат уште нешто повеќе од 48 часа до моментот кога Килијан Мбапе ќе може слободно да преговара за следниот клуб, бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот од сезоната.
Сепак, поранешниот ас на овој клуб, Роналдињо, смета дека брзоногиот француски фудбалер ќе остане уште долго на „Паркот на принцовите“.
„Сите играчи сакаат да играат за ПСЖ и најдобрите од нив се тука. Тоа е најдобриот клуб во светот. Замислувам дека ќе играат овде уште долго“, изјави Роналдињо во интервју за клупската телевизија на францускиот шампион.
Мбапе е веќе со едната нога во Реал Мадрид, кој летово беше блиску до негов ангажман, но фудбалерот реши да остане во Париз до истекот на договорот на лето.
Роналдињо играше две сезони во ПСЖ и тоа беше неговиот прв европски клуб, а потоа се пресели во Барселона каде што се прослави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













