Connect with us

Роналд Араухо опериран, го пропушта Светското првенство

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, успешно е опериран по повредата на бутниот мускул, потврдија од каталонскиот клуб. 23-годишниот Араухо се одлучи да се оперира наместо конзервативно лекување, иако тоа значи дека најверојатно ќе го пропушти Светското првенство со Уругвај во ноември.


Барса не потврди колку долго централниот дефанзивец ќе биде надвор од терените, но се очекува тој да паузира до три месеци.

„Првотимецот Роналд Араухо е успешно опериран поради повредата на аддукторот на десниот бутен мускул. Хируршкиот зафат беше извршен од доктор Ласе Лампаинен, под надзор на медицинските служби на клубот, во Турку, Финска. Играчот е недостапен за настап и неговото закрепнување ќе го диктира неговото враќање на теренот“, објави Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови