Во 2015 година, Алесио Ромањоли прејде од Рома во Милан за 25 милиони евра. На крајот од оваа сезона истекува неговиот договор со „росонерите“, а тој во моментов е трети избор за стопер во тимот на Стефан Пиоли, зад Кјаер и зад Томори, па заминувањето од „Сан Сиро“ е речиси сигурно.
Италијанските медиуми откриваат дека Ромањоли му ветил на Маурицио Сари дека ќе дојде во Лацио. Сепак, се работи за градскиот ривал на Рома, неговиот поранешен клуб, и прашање е како навивачите на „волчицата“ би реагирале на овој трансфер.
Единствениот проблем во целата приказна е што дефанзивецот на Милан бара 6 милиони евра по сезона, што Клаудио Лотито, претседателот на Лацио, не сака да ги издвои за неговите услуги. Очигледно преговорите ќе траат подолг период.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













