
Европската фудбалска централа (УЕФА) донесе одлука да ѝ додели службена победа од 3-0 на Романија против Косово во натпреварот од Лигата на нациите, кој беше прекинат во последните секунди поради тоа што гостите го напуштија теренот. Косовските фудбалери заминаа во соблекувалните, револтирани од просрпските извици од трибините при резултат 0-0.
Фудбалската федерација на Косово е одговорна за прекинот на натпреварот (15 ноември), па натпреварот се регистрира со службен резултат 3-0 за Романија. Ќе мора да плати и парична казна од 6.000 евра поради несоодветно однесување на тимот.
Романската фудбалска репрезентација следниот домашен натпревар ќе го игра без публика поради расистичко и/или дискриминаторско однесување на навивачите. Федерацијата ќе мора парична казна од 130.000 евра за расистички извици, политички пораки, фрлање предмети, пиротехника и други инциденти.
И покрај службениот резултат, оваа одлука не влијае на конечниот пласман во групата. Романија заврши како победник, а Косово како второпласиран тим. Но, најмногу ја погоди Македонија со оглед дека сега Романија има максимални 18 бода и излезе пред нашиот национален тим на рангирањето околу разигрувањето за мундијалски бараж.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
