
Фудбалскиот клуб Рома денеска соопшти дека 166 навивачи, кои присуствуваа на убедливиот пораз во Норвешка од Бодо Глимт, ќе добијат бесплатни влезници за финалниот натпревар од Лигата на конференциите против Феенорд во Тирана.
Клубот на тој начин им се заблагодарува на навивачите, кои беа во Норвешка на 21 октомври, кога Рома беше поразена со 6-1 од домашната екипа, во натпревар од Лигата на конференциите од групата Ц.
Списокот на навивачи е формиран врз основа на податоците за продажба на билети, кои ги испратил норвешкиот клуб, изјавија од Рома.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо тогаш истакна дека поразот од Бодо Глимт е еден од најлошите за него лично во европските натпреварувања.
Рома подоцна го елиминира норвешкиот тим во четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот
