Рома се откажа од идејата да го доведе во својот тим дефанзивецот на Унион Берлин, Леонардо Бонучи, пишува „Кориере дело Спорт“.
Се веруваше дека 36-годишниот дефанзивец ќе потпише договор со „волчицата“ до крајот на сезоната на нето плата од 800.000 евра за овој период.
Сепак, сопствениците на клубот, семејството Фридкин, го блокираа овој трансфер бидејќи сметаат дека инвестицијата е прекумерна со оглед на возраста на Бонучи. Со даноци оваа зделка би изнесувала околу 2 милиони евра за само шест месеци. Наместо тоа, раководството на клубот претпочита да ги искористи парите за да привлече играч кој во иднина би останал трајно на „Олимпико“.
Познато е дека Рома бара дефанзивни засилувања во јануари поради долготрајните физички проблеми на Крис Смолинг и ангажманот на Еван Ндика со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска за Африканскиот куп на нации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













