Раководството на Рома на почетокот на 2024 година се реши на шок-терапија со замена на Жозе Мурињо, кој на клупата на првиот тим беше заменет од легендарниот фудбалер на римскиот клуб Даниеле Де Роси.
За само 15 натпревари тој успеа целосно да го промени расположението во италијанската престолнина, па сонот за пласман во Лигата на шампионите повторно стана реалност, додека во Лигата на Европа успеа да ги елиминира Феенорд и Брајтон и да се најде во четвртфиналето каде ќе ги одмери силите со Милан.
Де Роси првично пристигна како решение до крајот на сезоната, но „Скај Италија“ пренесува дека управата на клубот на чело со Ден Фредкин веќе подготвила нов долгорочен договор за клупската легенда.
Прашање на време е кога 40-годишниот римјанин ќе потпише нов договор, кој несомнено би ги израдувал сите навивачи на Рома.
„Волчицата“ има 10 победи, три нерешени и само два порази во 15 натпревари на Де Роси, против Брајтон кога веќе сѐ беше готово во првиот меч и против шампионот на Италија, Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













