Connect with us

Рома е заинтересирана за Јуриен Тимбер

Рома е заинтересирана за дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер. Спортскиот директор на „волчицата“, Тијаго Пинто, работи на пронаоѓање квалитетен централен бек и се насочил кон 21-годишниот Холанѓанец, открива „Газета дело спорт“.


Тимбер беше една од големите трансфер цели на Манчестер Јунајтед во текот на летото, но двата клуба не можеа да се договорат и тој остана на арената „Јохан Кројф“ во Амсердам потпишувајќи и нов договор до 2025 година.

За него е заинтересиран и Баерн Минхен.

Привлекувањето на Тимбер, сепак, нема да биде лесно за Рома. Освен што има долгогодишен договор со Ајакс, Холанѓаните не се под притисок да го продадат, а за неговите услуги ќе бараат минимум 45 милиони евра. Таква сума е надвор од можностите на италијанскиот клуб во моментот.

Тимбер е производ на школата на Ајакс и дебитираше за првиот тим во 2019 година. За гигантот од Амстердам досега има 84 натпревари, четири гола и две асистенции. Тој е и холандски репрезентативец со 10 настапи за „лалињата“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови