Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде на радарот на Рома како можно засилување за левата страна од средниот ред, пишува италијанскиот весник „Leggo“.
Според нивните информации, Лајпциг е подготвен да се раздели со македонскиот репрезентативец и веќе го понудил на клубот од „Олимпико“, кој внимателно ја анализира можноста за негов ангажман.
Елмас минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Торино, каде што постигна четири гола на 13 натпревари, оставајќи силен впечаток. Најголемиот дел од својата кариера во Серија А го мина во Наполи, каде одигра 143 натпревари и беше дел од тимот што ја освои титулата.
Според проценките, Елмас би донел креативност и флексибилност во средниот ред на Рома. Тој може да игра како офанзивен играч за врска, но и како лево крило, што го прави потенцијална замена за Матијас Суле. Се претпоставува дека добро би се вклопил во системот на Џанпјеро Гасперини.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












