Италијанскиот калчолигаш Рома може да остане без Пауло Дибала на крајот од сезоната. Во неговиот договор има клаузула според која Аргентинецот може да ја напушти Рома на крајот на сезоната доколку клубот не се пласира во Лигата на шампионите и тоа за „само“ 20 милиони евра.
Ова е нешто што го загрижува Мурињо, кој уште еднаш изјави дека Дибала е незаменлив член на неговиот тим кога е целосно закрепнат и подготвен за натпреварот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барса е во редот за Дибала и го чека расплетот на ситуацијата на крајот од сезоната. Од друга страна, во одделен трансфер Мемфис Депај би можел да дојде од Барселона во Рома.
Едно е сигурно – Рома по секоја цена мора да биде меѓу четирите екипи во Серија А на крајот од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













