Офанзивецот на Реал Мадрид, Родриго, ќе мора да направи повеќенеделна пауза.
Од вчера беше јасно дека тој сигурно ќе го пропушти саботниот Ел Класико, а денес стигна потврда за степенот на повредата.
Како што е соопштено, Родриго ќе паузира три до четири недели, што значи дека нема да игра до крајот на ноемвриската репрезентативна пауза.
Освен дуелот со Барселона, тој ќе ги пропушти и натпреварите против Валенсија, Милан и Осасуна.
Бразилецот повторно ќе биде на располагање за еден месец, на 24 ноември, кога Реал Мадрид гостува кај Леганес.
Во негово отсуство, се очекува Карло Анчелоти да продолжи да игра со ромб формација, со Џуд Белингам зад Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













