
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри призна дека играчите се уморни и им е потребен одмор. Ова го сподели по вчерашниот натпревар против Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши 3-3. Тимот на Пеп Гвардиола се бори за три трофеи. Покрај битка во првенството и во Лигата на шампионите, тимот го чека и дуел во ФА Купот против Челси.
„Медиумите зборуваа за одмор и тоа е важно. Реал беше малку посвеж од нас во првото полувреме, тоа е нормално. Начинот на кој игравме и ги дававме головите го покажува менталитетот на шампиони што го имаме“, изјави Родри.
„Ми треба одмнор, очајно. Некогаш е така, мора да се адаптираш на сите искушенија“, додаде Шпанецот кој од стартот на сезоната одигра 3498 минути.
„Знаеме колку сме силни дома. Знаевме дека што и да се случи, двобојот нема да заврши овде. Сега ни се потребни нашите навивачи“, додаде Родри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
