
Поранешниот холандски репрезентативец и фудбалер на Феенорд, Арсенал, Манчестер Јунајтед и на Фенербахче, Робин ван Перси (40) го доби првиот самостоен тренерски ангажман во кариерата.
Ван Перси од следниот вторник и официјално ќе го преземе тимот на Херенвен кој пред крајот на сезоната ја зазема 10. позиција во Ередивизие.
„Да се биде тренер е многу голем предизвик, и секогаш се трудам да дадам сѐ од себе. Сакам да напредувам и позицијата главен тренер е токму она што ми треба за да ја постигнам таа цел. Благодарен сум за можноста што ми ја даде Херенвен, тоа е фантастичен клуб со голема традиција и одлични навивачи“, изјави Ван Перси во своето прво јавно обраќање.
Op nei Fryslân 🔵⚪️❤️#WolkomRobin pic.twitter.com/PAPwaaRtCJ
— sc Heerenveen (@scHeerenveen) May 17, 2024
По завршувањето на играчката кариера, „летечкиот Холанѓанец“ остана во Феенорд како асистент, подоцна и како помошен тренер во селекциите до 16 и до 19 години на клубот од Ротердам, па Херенвен ќе биде неговиот најголем тренерски предизвик досега.
Доколку Ван Перси барем делумно го повтори играчкиот успех како шеф на стручниот штаб, Холанѓанецот ќе има добра тренерска кариера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
