Connect with us

Роберто Фирмино пред сензационален кам-бек во Премиер-лигата

Легендарниот напаѓач на Ливерпул, Роберто Фирмино, би можел да направи сензационално враќање во Премиер – лигата. Според медиумите на Островот, Бразилецот веќе размислува за заминување од Ал-Ахли каде не може оптимално да се аклиматизира, а за него сериозен интерес има од Шефилд Јунајтед кој се бори за опстанок во Англија.


Фирмино започна со хет-трик на своето деби за Ал-Ахли, но оттогаш нема постигнато гол и не импресионираше со своите игри.

Сепак, постои интерес од тимот на Крис Вајлдер и тие сакаат да го однесат миленикот на навивачите на Ливерпул во „Брамал Лејн“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови