Бразилската легенда Ривалдо изрази увереност во победата на Барселона во „Ел Класико“ против Реал Мадрид. Тој прогнозираше резултат од 2-1 за каталонскиот тим.
Натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид, еден од најочекуваните фудбалски дуели во светот, ќе се одигра на 26. октомври од 21 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Ако прогнозата на Ривалдо се оствари, тоа ќе биде првата победа на Барса во “Ел Класико” од март минатата година.
Во меѓувреме, Реал Мадрид победи во четири последовни изданија на големото дерби, вклучувајќи го полуфиналето за Купот на Кралот, финалето на Суперкупот на Шпанија, како и двата првенствени натпревари во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













