
Стефан Ристовски е поврзуван со неколку клубови ширум Европа, но Спортинг Лисабон нема намера да се раздели од македонскиот десен бек. Напротив, португалскиот клуб е подготвен да ја продолжи соработката со Ристовски, кој ќе остане член на оваа екипа до јуни 2024 година. Португалскиот весник „О Жого“ открива дека во договорот на Ристовски има клаузула што му овозможува на клубот да ја продолжи соработката со фудбалерот, но таа мора да се активира најдоцна до април 2020 година.
Одлуката е донесена, тренерот е задоволен од настапите на Македонецот по враќањето од повредата, па управата на стартот од 2020 година ќе ја активира клаузулата. Според „О Жого“, тоа ќе значи и зголемување на платата на македонскиот репрезентативец, од 400.000 на 425.000 евра по сезона, плус бонуси.
Стефан Ристовски е фудбалер на Спортинг Лисабон од 2017 година, кога најпрвин дојде на позајмица од Ријека, а нешто подоцна португалскиот клуб го откупи неговиот договор со поранешниот хрватски првак.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
