Стефан Ристовски ги одигра двете средби за македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2020, по што десниот бек се врати на своите клупски обврски во Спортинг. А таму нашиот интернационалец викендов би требало да прослави и јубилеј, со оглед на фактот дека досега има одиграно 49 средби за португалскиот прволигаш.
Ристовски е прва опција за дуелот со Чавес, што ќе биде негов 50. меч севкупно во дресот на Спортинг. Македонскиот репрезентативец сезонава е стандарден првотимец во лисабонскиот клуб, откако во голем дел од ланската сезона му беше резерва на Пичини, пред италијанскиот интернационалец да се пресели во Валенсија.
Десниот бек е поврзуван со заминување од Спортинг Лисабон на крајот од сезонава, а Лацио е лидер во трката за негов ангажман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal