Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе играат во плејофот за пласман во групите од Лигата на шампионите. „Модрите“ вечерва на „Максимир“ славеа против Лудогорец со 4-2. Хрватскиот тим победи со 1-2 и на првиот меч во Бугарија. Во плејофот ривал ќе им биде Бодо/Глимт.
Лудогорец остана со дури тројца фудбалери помалку во текот на мечот поради исклучувања, а двоен стрелец беше Кирил Десподов.
Стефан Ристовски беше асистент, а Адеми изнуди пенал. Мислав Оршиќ беше двоен стрелец, еден постигна од пенал, а Јосип Дрмиќ го отвори резултатот на асистенција на Ристовски. Четвртиот гол беше дело на Бруно Петковиќ од пенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













