
Тимот на Македонија ЃП е првиот од трите македонски претставници кои денеска ќе играат во квалификациите на Конференциската лига. Во скопскиот пекол, на повеќе од 40 степени Целзиусови, во 17.30 часот на комплексот на ФФМ, „лавовите“ го пречекуваат летонскиот претставник РФС Рига.
Избраниците на Горан Симов го респектираат противникот, но се надеваат дека можат да излезат како победници.
„Мора да бидеме мудри и внимателни. Го анализиравме противникот, тие се цврста екипа со квалитетни индивидуалци која има одлични резултати во домашното првенство. Но, и ние имаме желба и квалитет да се надигруваме и да се обидеме да оствариме резултат што го посакуваме“, вели тренерот на Македонија ЃП, Горан Симов.
Капитенот Филип Мишевски вели дека тимот ќе мора да одговори на агресивната игра на противникот, посебно во средниот ред.
„Мора да бидеме агресивни, да одговориме идентично на нивниот стил на игра, посебно во средниот ред. РФС Рига е квалитетен тим, нема пораз на повеќе од 20 последовни натпревари, но ќе се дадеме сѐ од себе да ги поразиме во Скопје“, истакна Мишевски.
Натпреварот се игра од 17.30 часот, на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ, со директен пренос на МРТ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
