Connect with us

Револуционерен договор: Барселона сака да го плаќа Дембеле по учинок

Новиот тренер Чави Хернандез го постави задржувањето на Осман Дембеле како една од првите задачи по неговото пристигнување во Барселона. Едно од најголемите трансферни промашувања на Барса во историјата од јануари може да преговара со нови клубови, со оглед дека договорот му истекува на крајот од сезоната. 24-годишниот Дембеле пристигна во Барселона во летото 2017 година од Борусија за 135 милиони евра, но во 119 настапи за Барселона, благо кажано, разочара.


Французинот ни приближно не ги оправда огромните пари вложени во него, но Чави верува дека Дембеле може да се врати на вистинскиот пат и дека сепак може да биде корисен за Барселона. Според постоечкиот договор, Французинот заработувал дури 15 милиони евра по сезона, а според новиот договор што му го подготвува Барса би можел да заработува исто толку, но и помалку и повеќе.

Имено, поради специфичната финансиска ситуација, Барса подготвува револуционерен договор за Дембеле во кој ќе го плати според учинокот. Французинот би имал основна плата која би била неспоредливо помала од сегашната, но би можел да заработува повеќе според постигнатите резултати.

Договорот би вклучувал бонус, т.н „пакети“ кои Дембеле би ги „отклучил“ во случај на добри игри. Тие би го содржеле бројот на натпревари кои Дембеле би требало да ги одигра. На пример, би добил одредена сума за десет одиграни натпревари, а за следните десет – многу повеќе. Во „пакетите“ би бил вклучен и бројот на голови или асистенции кои Французинот би требало да ги постигне, а пред се би биле вообичаените бонуси за евентуалните титули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови