
Лигата на шампионите и вака носи многу магија, но ќе следат револуционерни пркмени од сезоната 2024/25 за да се задоволат финансиските барања на големите клубови. Британскиот „Тајмс“ ги откри деталите, дизајнирани се од Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, и од Насер Ал-Келаифи, претседател на ПСЖ и прв човек на Асоцијацијата на европски клубови (ЕКА).
Лигата на шампионите во форматот каков што е сега суштински се менува од сезоната 2024/25. Наместо досегашните 32 клуба, во него ќе играат 36. Ќе се укине групното натпреварување и ќе се игра лигашки систем, сите во една „група“.
Ова се менува така што на секој клуб му се гарантираат најмалку 10 натпревари против исто толку различни противници, пет домашни и пет натпревари на гости. На крајот на вакво „првенство“, осумте најдобри ќе одат во осминафиналето, клубовите од 9. до 24. место ќе играат во плеј-оф за осминафиналето. Останатите 12 би отпаднале од конкуренцијата.
Сепак, сето ова беше познато и претходно. Голема вест е што споменатото дуо подготви промена и за завршницата на Лигата на шампионите.
„Тајмс“ наведува дека наскоро наместо елиминациска фаза од полуфиналето со по два меча, фајналфор турнир ќе се игра по еден натпревар, со што би се добиле финалистите. Како урнек е земен американскиот „Superbowl“, а сето ќе биде спакувано во „недела на фудбалот“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
