Connect with us

Револуција во фудбалот: Квалификации само во октомври и март, Мундијал и ЕП на две години

УЕФА го зголеми бројот на учесници на Европското првенство, а ФИФА ја планира досега најголемата револуција во фудбалот – Светско првенство на секои две години. Ова значи дека секоја година ќе има по едно големо натпреварување.


Арсен Венгер, францускиот стратег и долгогодишен менаџер на Арсенал, кој сега ја има позицијата директор на секторот за промоција на фудбалот во ФИФА, е задолжен за спроведување на новот систем. Тој уверува дека целта на Светската куќа на фудбалот не е да заработи пари, туку да ги стави играчите и публиката во прв план.

„Нашата цел е да го подобриме квалитетот на фудбалот со тоа што натпреварите ќе бидат почести. Календарот на репрезентативни натпревари е одреден до 2024 година, но после тоа постои можност за промени. Сакаме да ја зголемиме фреквенцијата на натпревари, но да ги поедноставиме натпреварувањата“, изјави Венгер за „Л’Екип“.

Според неговите идеи, националниот фудбал би се играл во текот на еден месец, во рана есен и пролет, односно во октомври и во март. Ќе има завршен турнир, Европско или Светско првенство на крајот од секоја сезона. Се друго ќе биде за клупскиот фудбал, со оглед дека клубовите се тие што ги плаќаат фудбалерите.

„Нашата идеја е квалификациските натпревари за пласман на големи натпреварувања да ги групираме во два термина, октомври и март. На тој начин, ќе се олеснат работите и за клубовите и за репрезентациите. Суштината е дека на тој начин секоја година ќе имаме по еден квалификациски, но и завршен турнир на крајот од секоја сезона. Една година тоа би било Светското првенство, следната – континентално првенство. И повторно. А, помеѓу датумите за квалификациските натпревари, играчите би останале цело време во клубовите што ги плаќаат. Во модерната ера, на луѓето им требаат натпревари чиј формат лесно можат да го разберат и каде квалитетот ќе биде концентриран“, објаснува Арсен Венгер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови