Connect with us

Ретклиф става крај на големите и незаслужени плати во Манчестер Јунајтед

Сер Џим Ретклиф и неговата компанија „Инеос“ изградија стратегија во однос на платите на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, која ќе треба да ја спроведе новиот извршен директор на тимот, Омар Берада.

„Црвените ѓаволи“ сакаат сериозно да ги ограничат превисоките плати на значителен број фудбалери кои во нивните очи секоја недела заработуваат суми без конкретно да ги заслужат со своите настапи.

Токму тоа треба да го промени Омар Берада, кој треба да воведе нов систем. Треба да биде сличен на оној на неговите претходни работодавци Манчестер Сити и да се заснова на пониски плати, но многу поголеми бонуси поврзани со успехот и перформансите на теренот.

Ретклиф инсистираше на тоа дека ова е една од најважните задачи пред новиот шеф и тој мора да се справи со оваа ситуација што е можно побрзо ова лето.

Манчестер Јунајтед потроши 330 милиони фунти за плати минатата сезона кога го освои Карабао купот и го загуби финалето на ФА Купот.

За споредба, Манчестер Сити им исплати 400 милиони фунти за плата на своите играчи, но тие заработија околу 300 милиони фунти награден фонд откако ја освоија тројната круна. Токму одличната способност во водење преговори е еден од најсериозните фактори за привлекување на Омар Берада на „Олд Трафорд“ од „Итихад“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови