Репрезентациите на Аргентина и Уругвај носат по 900 килограми месо во Катар за Светското првенство, пишува ESPN. Двете земји се меѓу најголемите потрошувачи на месо во светот. Асадо е популарно јадење во Аргентина и Уругвај. Се подготвува од парче месо, на скара.
Во Уругвај се поврзани чајот, асадо и фудбалот, и тие се дел од нашата култура. Сакам да испорачам квалитет на производот, природен и органски, а Светското првенство е најдобро време за ова“, изјави Конрадо Фербер, претседателот на Националниот институт за месо во Уругвај.
“Мојата омилена храна е асадо, но тоа е нешто повеќе од храна. Тоа создава атмосфера на единство и го обединува колективот. Тоа е дел од нашата култура, карактеристика на аргентинскиот карактер“, истакна Лионел Скалони, селекторот на аргентинската репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













