Четири бода од двете врзани гостувања и нема да бидат “слаб плен”. Вака размислува дефанзивецот Висар Мислиу во пресрет на дуелот в понеделник против Летонија, шести во квалификациите за ЕП 2020. Секако, ќе треба да се победи Летонија овде во Рига за да се исполни таа мисија.
“Нема лесни противници во денешниот европски фудбал, но свесни сме дека влегуваме како фаворити во мечот со Летонија. Ќе сториме се за да оствариме триумф и да го заокружиме овој мини циклус со четири освоени бода. Сепак, ќе треба да одиграме максимално и да ги победиме Летонците. Бодовите на ниту еден натпревар не се гарантирани. Жалиме што не освоивме три против Израел во Бер Шева, но сакаме три овде во Рига против Летонија”– изјави Висар Муслиу.
Селекцијата на Летонија има пет убедливи порази во досегашните пет квалификациски мечеви во групата за пласман на ЕП 2020.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













