Connect with us

Репрезентативната база на Аргентина ќе го носи името на Лионел Меси

Лионел Меси доби уште едно големо признание во Аргентина. Базата на репрезентациите на Аргентина, која се наоѓа во Буенос Аирес, отсега ќе го носи неговото име.


На специјална церемонија, со учество на претседателот на федерацијата Клаудио Тапија, комплексот отсега ќе се нарекува „Лионел Меси“.

„Ви благодарам за признанието. Во оваа база доаѓам 20 години и тоа го правам со задоволство од првиот ден. Многу е убаво да се знае дека базата отсега ќе го носи моето име. Чувството е посебно поради многуте врвни фудбалери кои минале тука. Поминав низ тешки времиња, но секогаш сум бил среќен кога доаѓав овде. Јас сум еден од оние кои веруваат дека таквото признание треба да им се даде на луѓето додека се живи“, изјави Лионел Меси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови