
Работнички доби големо засилување во нападот со ангажманот на репрезентативецот на Македонија, Влатко Стојановски. 26-годишниот напаѓач се враќа во македонскиот шампионат и во наредните 18 месеци ќе го носи дресот на „романтичарите“. Дефинитивно ќе биде огромно засилување за навалната линија во тимот на Милан Илиевски.

„Чест ми е што ќе го носам дресот на ФК Работнички. Тоа е клуб со голем традиција во Македонија, поранешен шампион и освојувач на Купот. Прифатив да бидам дел од овој нов проект, кој треба да го врати Работнички во врвот на македонскиот фудбал. Се надевам дека во новата сезона ќе имам полн придонес за таков развој на настаните“, изјави Влатко Стојановски за официјалниот сајт на клубот.

Кариерата ја почна во Металург, во Македонија играше и за Ренова и за Шкендија, а беше интернационалец во Хрватска, Франција и во Бугарија. Во Работнички доаѓа од редовите на бугарскиот клуб Септември Софија.
За фудбалската репрезентација на Македонија има десет настапи и два постигнати гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
