Почнуваат пролетните возбудувања во Првата фудбалска лига. На стартот погледите се насочени кон Штип, каде денеска (14 часот) Брегалница ќе ја пречека Ренова.
И двете екипи имаат амбиции и за излез во Европа, а токму затоа денешните бодови се исклучително важни.
Фудбалерите на Ренова се надеваат дека ќе успеат да го освојат Штип.
„Одиме на победа. Добро сме подготвени и веруваме во нашите квалитети. Секако, ја респектираме Брегалница и ќе треба да одиграме речиси перфектно за да успееме да ја оствариме целта“, вели Ремзифаик Селмани.
Останатите натпревари од 19.коло во Првата фудбалска лига се на програмата утре.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (ДЕНЕСКА, 14 Ч.)
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (УТРЕ, 14 Ч.)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
СКОПЈЕ – БОРЕЦ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













