Connect with us

Ренато Санчес пристигна во Рома

Рома официјално го објави потписот со играчот за врска Ренато Санчес од Пари Сен Жермен. 25-годишниот Португалец пристигнува на позајмица до крајот на сезоната со обврска да биде откупен под одредени услови.


Според информациите, Рома првично ќе плати 1 милион евра на парижаните, а ќе има обврска да го купи за 15 милиони евра доколку фудбалерот настапи на 60% од натпреварите на тимот.

Минатата сезона Санчес одигра само 27 натпревари за ПСЖ и постигна два гола. Го мачеа повредите и главно доаѓаше како резерва.

„Многу сум среќен што пристигнав во овој голем клуб, ме освои клупскиот проект, мислам дека играњето во Рома е совршен избор за мене“, изјави фудбалерот.

Ренато Санчес во текот на кариерата играше и за Бенфика, Баерн Минхен, Свонси и Лил. За репрезентацијата на Португалија има 32 настапи и три гола.

Ова е втор трансфер на денот во Рома, откако претходно римјаните најавија и потпис со светскиот шампион Леандро Паредес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови