
Актуелниот првак Шкупи одигра само 0-0 на гости против Тиквеш во Кавадарци и можеби и дефинитивно отпаѓа од трката за шампионската титула, која ќе се води меѓу лидерот Струга ТЛ и Шкендија, која по вчерашниот триумф во Штип има негатива од три бода.
Силекс ја совлада Македонија ЃП со 1-0, а Работнички со идентичен резултат славеше на гости против Поведа во Прилеп.
На „Автокоманда“, во директната битка за опстанок, Скопје и Академија Пандев ремизираа 1-1.
Давид Манасиевски беше стрелец на голот за три бода за Силекс на дуелот со Македонија ЃП. Тој погоди во третата минута од дуелот, а „лавовите“ не успеаја да возвратат.
Работнички победи во Прилеп со 0-1 против Победа, со голот на Кире Маркоски во 30.минута.
Академија Пандев поведе на „Автокоманда“ со голот на Ване Крстевски во втората минута, но израмни Азер Омерагиќ со погодокот во 59.минута од мечот.
Вчера, Шкендија ја победи Брегалница во Штип со 0-1, со голот на Клисман Цаке во 65.минута.
ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ТИКВЕШ – ШКУПИ 0-0
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-1
СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
ВЧЕРА: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
