
Натпреварите на Светското фудбалско првенство за жени во Австралија и Нов Зеланд имаа рекордна посетеност од речиси два милиони гледачи. Вкупно 1.978.274 навивачи ги следеа натпреварите на 10 стадиони во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август, што е нов рекорд за женскиот фудбал, објави денеска „Би-би-си“.
Турнирот заврши во неделата со победа на шпанската репрезентација во финалето против Англија со 1-0. За тој натпревар во Сиднеј билетите беа распродадени, а на стадионот имаше 75.784 гледачи.
Претходниот рекорд на посетеност од 1.353.506 гледачи беше забележан во Канада во 2015 година, а четири години подоцна турнирот во Франција го следеа 1.131.312 навивачи.
На годинашниот турнир првпат учествуваа 32 селекции и се одиграа 64 натпревари за разлика од пред четири години кога беа одиграни 52 меча.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
