
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ја пречекува Украина во квалификациите за ЕВРО 2024. Новиот селектор на Украинците, Сергеј Ребров, со бирани зборови говореше за Македонија на прес – конференцијата.
„Македонија има несомнен квалитет, мислам дека сите добро ја знаат силата на вашата селекција. Сѐ уште сите ја паметиме сензацијата против Италија. Не би рекол дека Украина е фаворит, играме во Скопје против една силна селекција. Очекувам тежок и неизвесен натпревар, а ние мораме да ги анулираме грешките од мечот со Германија, посебно при примените голови. Знам и друга работа, дека утрешниот натпревар ќе биде сосема поинаков. Во секој случај, ќе се бориме за трите бода, тоа е сигурно“, изјави Сергеј Ребров.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина е закажан за утревечер, со почеток во 20.45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
