Connect with us

Реал Сосиедад триумфира на гости против Рајо (ВИДЕО)

Реал Сосиедад продолжи со одличната серија и ја оствари петтата последовна победа во Ла Лига откако славеше со 0-2 на гости кај Рајо Ваљекано. Двата гола паднаа веќе во првото полувреме и беа дело на Александре Сорлот (15.) и Андер Баренечеа (36.).


За Реал Сосиедад работите тргнаа добро во 15. минута кога Давид Силва ја освои топката на средината на теренот, а потоа напредуваше и елегантно го проигра Александре Сорлот, кој не погреши за 1-0.

Фудбалерите на Иманол Алгуасил го удвоија водството на десет минути пред крајот на првото полувреме, кога по корнер топката дојде на вториот дирек до Андер Баренечеа погоди за 0-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови