Connect with us

Реал шокиран дома од Алавес (ВИДЕО)

Реал Мадрид загуби на домашен терен од Алавес (1-2). „Кралевите“ одиграа лош натпревар, а грешките во одбраната беа кобни за составот на Зинедин Зидан.

Уште на самиот старт Начо играше со рака во шеснаесетникот, а Алавес дојде во водство со голот од пенал на Лукас Перез. 

На почетокот на второто полувреме Тибо Куртоа катастрофално згреши, му ја подари топката на Хозелу кој ја погоди празната мрежа за 0-2. Кашемиро само го намали резултатот, но бодовите ги освоија гостите. 
  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови