Раководството на шпанскиот гигант Реал Мадрид одлучи дека ќе се жали на суспензијата од два натпревари на Џуд Белингaм, откако претходниот протест на „кралевите“ беше одбиен од Дисциплинската комисија, пренесува „Мундо Депортиво“.
Според изворот, мадридскиот клуб сега има намера да поднесе жалба до Спортскиот управен трибунал. Според сегашната одлука, Белингам нема да може да учествува на натпреварите од Ла Лига со Селта и со Осасуна.
Играчот на „кралевите“ беше исклучен во натпреварот од 27. коло во Ла Лига против Валенсија, кој заврши нерешено 2-2, кога постигна гол во судиското надополнување, но голот беше поништен бидејќи судијата Хесус Хил Манцано го имаше веќе го даде својот последен сигнал за дуелот.
Англичанецот револтиран вербално го нападна судијата поради што го доби црвениот картон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













