Реал Мадрид во следните неколку недели ќе му понуди нов договор на централниот дефанзивец Едер Милитао. Обновувањето на соработката со 24-годишниот Бразилец не зависи од евентуалниот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ на дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер, кој веќе подолго време е во преговори со „кралскиот клуб“.
Милитао има договор со Реал Мадрид до летото 2025 година, но клубот сака долгорочно да го врзе еден од своите најперспективни играчи.
Планот на клубот е сличен за уште двајца клучни играчи, ветеранот Лука Модриќ и напаѓачот Винисиус Жуниор.
Едер Милитао е доведен во Реал во 2019 година од Порто за сума од 50 милиони евра. Сезонава забележа 44 настапи на кои постигна два гола и три асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













