Connect with us

Реал подготви нов договор: Винисиус Жуниор ќе остане во Мадрид до 2028 година

Раководството на Реал Мадрид подготви нов договор за Винисиус Жуниор. Се очекува Бразилецот да потпише и да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2028 година. По одбивањето на Мбапе да дојде во Мадрид, сега Реал комплетно ќе му даде доверба на крилниот напаѓач и ќе го „врзе“ уште шест сезони.


Винисиус Жуниор го постигна победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул и тоа за него беше шлаг на тортата во неговата најсилна сезона откако пристигна на „Сантијаго Бернабеу“. Тој имаше значаен придонес за титулата во Ла Лига со 17 гола и 10 асистенции.

Реал Мадрид го купи талентираниот напаѓач во 2018 година од Фламенго. Шпанскиот гигант плати над 40 милиони евра, што го прави најскапиот трансфер на Бразилец до 18 години. Оттогаш Винисиус со Мадрид освои 6 трофеи и е составен дел од репрезентацијата на Бразил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови