Connect with us

Реал остана и без Милитао цела сезона

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се соочува со многу непријатности околу здравјето на фудбалерите на почетокот од новата сезона. Откако Тибо Куртоа ги скина предните вкрстени лигаменти на еден од последните тренинзи пред почетокот на Ла Лига, најновиот малер му се случи на дефанзивецот Едер Милитао.

Бразилецот доживеа идентична повреда на синоќешниот натпревар против Атлетик Билбао (0-2). И тој ќе отсуствува околу девет месеци од фудбалските терени.

Реал Мадрид сега ќе мора да се фокусира и на ангажман на нов дефанзивец, откако одлучи да го доведе Кепа Аризабалага на местото на повредениот Тибо Куртоа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови