
Договорот на Килијјан Мбапе со ПСЖ истекува на 30 јуни 2024 година. Тој сѐ уште не го продолжил, а Реал Мадрид ќе му достави понуда на 1. јануари и ќе започне акција за доведување на Французинот.
Шпанските медиуми истакнуваат дека Реал Мадрид оттогаш ќе има право да преговара со Мбапе и ПСЖ нема да може да влијае бидејќи на неговиот играч му истекува договорот.
„Кога Реал ќе ја повика мајката на Мбапе и негова менаџерка Фајза Ламари на 1 јануари, тие ќе и кажат дека нејзиниот син има 15 дена да одговори на понудата. Нема да бидат прифатени дополнителни размислувања или промени. Мбапе ќе има 15 дена, повеќе од доволно, да рече дека сака да оди во Мадрид“, пишува „АС“.
Реал Мадрид неколку пати се обиде да го доведе Мбапе. Најблиску беше минатата година, кога на Французинот исто така му истече договорот, но тој потпиша нов, едногодишен. Повеќето светски медиуми тогаш го преселија во Реал, а потоа ПСЖ упати понуда која Мбапе не можеше или не сакаше да ја одбие.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
