Connect with us

Реал Мадрид ТВ со нов скандал: „Оваа Негреира лига е одвратна!“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа 1-1 во дербито на „Сантијаго Бернабеу“, но најмногу внимание привлече реакцијата на „кралевите“ по натпреварот.

На преполниот „Бернабеу“ се водеше жестока битка меѓу градските ривали, а крајниот исход најмногу ѝ одговара на Барселона.

Како и во неколку претходни натпревари, Реал Мадрид изрази незадоволство од судењето. Во 35-та минута, Атлетико доби пенал по интервенцијата на ВАР, откако судијата Градо процени дека Орелиен Чуамени го нагазил Лино. Хулијан Алварез беше прецизен од белата точка и му донесе предност на Атлетико.

Одлуката за пенал предизвика бура реакции од играчите и навивачите на Реал, кои сметаа дека контактот не бил доволен за да се досуди најстрогата казна. По мечот, незадоволството кулминираше со објава на официјалниот ТВ канал на клубот.

„Овој пенал е срамота. Наместо против противникот, мораме да играме против судиите“, стоеше во пораката на Реал Мадрид ТВ, по што следеше уште пожестока реакција:

„Да зависи од нас, ќе излезевме од терен и ќе престаневме да играме во валканата „Негреира лига“. Ова натпреварување е одвратно!“

Ова е директен напад на Ла Лига и потсетување на случајот „Негреира“, во кој Барселона беше обвинета за исплати кон поранешен судиски функционер, иако истрагата не пронајде докази за местење натпревари.

Интересен факт е што ова беше првиот пенал против Реал оваа сезона, додека во нивна корист досега биле досудени десет.

Со ова реми, Реал останува лидер со 50 бодови, Атлетико има 49, а ако Барса ја победи Севилја, ќе се доближи на само два бода од врвот и ќе ја направи трката за титулата уште поинтензивна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови